За нас
Семејна традиција која трае повеќе од 170 години
Наше наследство
Пчеларската фарма ШУ-МИ ДОО Берово е основана некаде во средината на 19 тиот век, од првиот пчелар во Фамилијата Шуперлиски - Ѓорѓи Шуперлиски. Од тогаш па се до ден денеска пчеларството во оваа фамилија е носечки бизнис и се предава на секоја нова генерација.
Во меѓувреме со промената на генерациите се менуваат и технологиите на пчеларење како и пристапот кон пчелите од еколошки, социјален и економски аспект. Постојаното инвестирање во модерни технологии на пчеларење во комбинација со искуството генерирано со генерации е гаранција за квалитет на нашите производи кои исто така се едниствени и неповторливи и по своите органолептички карактеристики.


Посетете ја нашата продавница во берово
Најдобриот органски мед во Mакедонија со светски врвен квалитет.
Технологијата на пчелaрење подразбира избор на технолошки опрема која е безбедна за користење и нема да остави во медот и другите производи резидуи кои можат да го загадат.
Наша временска линија
Основање
Ѓорѓи Шуперлиски ја основа првата пчеларска фарма
Проширување
Фармата се проширува со нови технологии
Модернизација
Воведување на модерни методи на пчеларење
Еколошки пристап
Фокус на одржливо и еколошко пчеларење
Наши вредности
Одржливост
Нашиот еколошки пристап кон пчеларството обезбедува најквалитетни производи додека ја чуваме природата.
Квалитет
Највисок квалитет на производи со генерациско искуство
Традиција
Семејна традиција која се предава од генерација на генерација